За Нас

Металотехника е приватна компанија која е формирана во далечната 1987 год. како мала фамилијарна фирма и во изминатите 30 години успешно опстојува на македононскиот и регионалниот пазар.

Во нашите почетоци примарна дејност е производство и трговија со материјали за водовод и канализација, а подоцна дејноста ја проширивме и во областа на завршните работи во градежништвото.

Компанијата сега веќе подмладена со млади кадри, кои го продолжуваат бизнис-маратонот и новините што последните години се воведуваат во своето сопствено производство.

Нашата компанија во изминатите неколку години навлезе во повеќе иновативни проекти меѓу кои се производството на обоени минерали кои се користат во декорација и градежништво (изработка на камен тепих и камени ѕидни облоги – тапети како и камен фурнир).

Меѓу останатите проекти на нашата компанија, Металотехника во својата програма внесе и врвна технологија за термоизолационен материјал, изработен по нано технологија на водена основа. Во соработка со врвни руски и македонски експерти, подолг период се работеше на овој проект кој денеска со подршка од Фондот за иновации и технолошки развој на РМ, е успешно спроведен на македонскиот пазар и пошироко.

Целта и задачата на нашата компанијата е во периодот што следи, целосно да го комерцијализира новиот производ “termoStop” а со тоа да придонесе развивање на свеста за значењето на енергетската ефикасност и заштедата на истата.