Камен фурнир

Производ каде што за прв пат дебелината на каменот се мери во милиметри, а се добива со специјална технологија за одземање на танок слој од посебни видови на природни камени плочи. Камениот фурнир е изработен од 100 % природни материјали и посебни видови на камен кои природата ги создавала милиони години на Земјината површина.

Овој производ наоѓа голема примена во современата ентериерна архитектура, се користи за фасади и внатрешни ѕидови, тавани, ентериерна опрема за лифтови, мебел итн.

Уникатен производ како отисок од природата кој архитектите слободно може да го користат во современиот дизајн на канцеларии, ресторани, хотели, домови итн.

Техничкии карактеристики:

Димензиите на листовите можат да бидат од 30 х 60 см или 60 х 60 см или стандардни од 120 х 60 см
Дебелината од 0,5 – 2 мм
Тежина 1,5 - 2 кг/ м2

Долготраен производ, водоотпорен, цврст и еластичен.

Се лепи со обични и специјали лепаци во зависност од тоа каде ќе биде неговата примена. Се поставува на иверица, гипс картон, дрво, ѕидови итн. Лесен за транспорт и монтажа.

Цената за камен фурнир со димензии на листот 120 х 60 – 20 Евра
Цената за камен фурнир со димензии на листот 60 х 60 – 10 Евра
Цената за камен фурнир со димензии на листот 30 х 60 – 5 Евра
Во цената не е вклучено ДДВ