Подготовка за примена на термо течна изолација ТермоСтоп

Припрема на површината

Изолацијата „ТермоСтоп“ се нанесува на метал, бетон, цигла, дрво, стакло, керамика, пластика, гума, картон, и на скоро сите други индустриски и градежни материјали и подлоги. Површината на која овој материјал се нанесува треба да биде чиста, одмастена и исчистена од корозија. Нанесувањето е можно на површини чија температура може да биде во интервал +5 до +150 oC. 
Чистење на површината подразбира да нема прашина, извалкани површини, флеки, замастувања, корозија и слично. Ако е замастена површината се чисти со соодветни стандардни детергенти или други хемиски средства. При нанесувањето на материјалот површината треба да се испере и исуши. Доколку се отстранува корозија тоа се врши со вообичаен начин со фарбање.  

Припрема на материјалот

Се отвора фабричкото паковање. Материјалот е пакован во пластични канти од 3, 5 и 16 литри.
Се меша со електрична мешалка за боја, не повеќе од 100 - 150 o/min и не повеќе од 5 мин. додека содржината додека не постане хомегена со густина во вид на паста. 
Доколку материјалот е многу згуснат (на пример после долго стоење), може да се додаде од 50-120 ml вода на една канта од 16 л материјал . Пожелно е да се исцеди материјалот низ филтер, за да се обезбеди конкретно и добро нанесување со "airless" распрскувачите.

Нанесување на материјалот 

За тонирање на материјалот „ТермоСтоп“ може да се користат исти тонери како и за акрилните бои (не се додава повеќе од 1 % пигмент ). Со тонирањето не се губат својствата и карактеристиките на материјалот, а дава можнст за избор на боја за естетски и технолошки изглед.
Материјалот се нанесува во слоеви. Дебелината на еден слој може да биде од 0.3 mm до 0,5 mm. Материјалот може да се нанесува со помош на airless распрскувач под притисок од 40 до 100 бара со дизна од 0.5 mm. Материјалот може да се нанесува и со обична четка или ролер. Овој начин не се препорачува за професионални активности, но е погоден за поправки на оштетените изолациони материјали како и за примена во станови или помали површини. Нанесувањето со четка се извршува на вообичаен начин како и акрилната боја. Времето на потполно сушење и полимеризација на слоевите е 24 часа. Во време од 12 часа од нанесувањето на слоевите, треба да се обезбеди заштита од евентуално водено наросување. Новиот слој се нанесува после потполно сушење на претходниот слој.
На ниски температури и во услови на зголемена влажност на воздухот, процесот на сушење трае и подолго.
Нормата за потрошувачка на материјалот изнесува 1л на 1 м2, во зависност од претходно припремената површина за изолирање.

* Вака стручно изведената изолација во 3 наноси со дебелина од 2 мм, заменува прриближно до 50 мм класична изолација.

Доколку корисникот не ги почитува упатствата за нанесување, предложени од производителот, односно не соодветно нанесување на изолацијата, тогаш производителот не презема одговорност за термо ефектите на termoStop изолацијата