Термо течна изолација ТермоСтоп

Термоизолациониот материјал „ТермоСтоп“ претставува течна композиција на водена основа, која се состои од синтетички каучук, акрилен полимер и неоргански пигменти, во чија структура се вградени вакумирани керамички микросфери и празни силиконски сфери. Оваа исклучителна комбинација на изолациони материјали и единствена структура го прават овој материјал лесен и еластичен.

Главна карактеристика на овој материјал е неговото инзворедно термоизолационо својство, со дебелина од 2мм. Меѓутоа, имајќи го во предвид опишаниот состав и структура, овој материјал е одличен и звучен изолатор. Благодарение на своите својства „ТермоСтоп” ги штити премачканите површини од корозија, што е многу важно во примената во индустријата. Звучните и термо изолациони својства на овој материјал го прават погоден за примена во градежните објекти.

Материјалот се нанесува на површината исто како и акрилните бои, со широк спектар на примена во однос на сите други изолациони материјали, кои моментално може да се најдат на пазарот.

Се нанесува на површини од било кој облик и состав, на бетон, метал, пластика, стакло, цигла и на скоро сите други индустриски и градежни материјали.

Аплицирањето на овој материјал може да се врши глетарица или со распрскувач ( за професионални примени) или со обична четка (за помали апликации). Во својот основен облик, материјалот е во бела боја, но може да се тонира или после сушење да се префарба во било која боја без губење на своите изолациони својства.

Поради големата хомегеност, еластичност, водоотпорност и другите својства „ТермоСтоп” се карактеризира со неговата трајност на експлоатација повеќе од 10 години на отворен и повеќе од 25 години на затворен простор.