Камена Тапета (лумино и обична)
Овој тип на производ се изработува од претходно изработени миксови на камчина во различни бои и големини кои се нанесуваат на текстилни подлоги со акрилни врзни средства. Флексибилна камена тапета, наменета за градежништвото исклучиво за ентериери и екстериери, со кои можат да се обложат повеќе видови на неправилни геометриски форми како кружни столбови, тераси, ѕидови итн.
Димензиите на флексибилните камени тапети можат да бидат:
Плочки 30 х 60 и 60 х 60 см, и
Ролни 60 х 250 см
Дебелината на камените тапети е 2 мм, а тежината на м2 е од 3,5 – 4,5 кг во зависност од големината на зрнто.
Овој вид на производ го заменува досегашниот пластичен малтар – абриб со тоа што претходно се приготвува како производ, а потоа истиот може да се монтира во безброј различни дизајни кои на друг начин не може да се изведат.
Се изработуваат по порачка во вид на 3Д решение или посебна изработка од светлечки камен кој преку ден акумулира природна или вештачка светлина, а преку ноќта во темно истата ја емитува или како готови миксови од следните бои:
За монтажа се користат обични лепаци за керамички плочки или лепаци на акрилна основа. Може да се сечи со скалпел. Со загревање со индустриски фен може да се обложат сите сложени геометриски форми.
Лесна монтажа без потреба од посебна обука.
За видот формите и место на употреба претходно се изработува проект.
Цената за флексибилна камена тапета од м2 е 10 Евра обична и 20 Евра за светлечка камена тапета.
Камена тапета со посебна нарачка за големината на камчето во боја или природно со димензии 0,5 – 10 мм би била по 1 Евро/кг а приближно за 1 м2 би биле потребни од 10 – 15 кг, претходно цврсто нанесени (залепени) на рабиц мрежа