Декоративна песок и камчиња во боја

Декоративна песок и камчиња во боја

Нашата компанија располага со еколошка  програма од повеќе видови на гранули од природен камен, природни или обоени со широк спектар на бои, кои наоѓаат примена во повеќе области од секојдневието.
Водоотпорни, отпорни на UV зраци, 100% природни и еколошки македонски производи. За декорацијата и хортикултурата, изработка на фасади, внатрешни и надворешни ѕидни облоги, камен тепих и сл.
Можат да се користат за забава во детската игра и претставуваат магнет за децата, песочна фантазија за дами во декоративно
уредување на градини и чекор напред во градежништвото за модерни декоративни фасади.
Производи кои може да се добијаат од овие декоративни камчина се:

ПЛАСТИЧЕН МАЛТЕР – КУЛИРПЛАСТ

За оваа намена се користат природни или обоени кристали минерали кои можат да бидат со големина на зрното од 0,5 мм – 2 мм. Водоотпорни и УВ отпорни за надворешна и внарешна примена.
Паковањето на овој производ може да биде во полиетиленски вреќи од 20кг и 1 тон.
За поврзување на овој материјал се користат лепаци на акрилна основа за внатрешна и надворешна употреба.
Паковањето на лепакот е во пластични канти од 16 л

За оваа намена можат да се користат и светлечки минерали и кристали во различни големини и бои како додатни производи во пластичниот малтар кои преку ден апсорбираат светлина од природни и вештачки извори, а во текот на целата ноќ истата ја емитуваат. Овој вид на камче претставува акумулатор за свелтина кои може да се користи повеќе од 50 год.
Паковањето може да биде во полиетиленски кеси од 1 кг, 5 кг и 20 кг.

Начин на подготовка и примена на пластичниот малтар кулирпласт

За една доза од 25 кг – канта пластичен малтар се користи:

  • 20 кг камче од различни димензии и бои по сопствен избор
  • 5 кг врзно средство – акрилен лепак
  • 5 – 10 % светлечко луминирачко камче по сопствен избор

Сите производи претходно припремени заедно се мешаат и се добива пластичен мозаичен малтер – кулирпласт, од различни миксови со бои и големини на камчето по претходен избор.

ВИДОВИ НА КАМЧЕ ЗА ВНАТРЕШНИ И НАДВОРЕШНИ ПОДОВИ КАМЕН ТЕПИХ

Материјалите кои се користат за изработка на камен тепих препорачливо е да бидат од кварц или речен камен поради нивната цврстина и истите можат да бидат обоени или природни со големина од 5 – 10 мм.
Паковањето на овој вид материјал може да биде од 20кг или 1 тон.
Врзувачкиот материјал – лепило е на полиуретанска основа за изработка на камен тепих за внатрешна и надворешна примена. Ова врзно средство е дво компонентен полиуретански лепак кој се користи во однос 1:1 од А и Б компонента.
Паковањето на овие компоненти е во пластични канти или буриња од 20кг или 200кг и се користи приближно во количина од 10% во однос на вкупната маса која се припрема за подот, односно 1 кг лепило на 13кг камче.
Исто така и за овој вид на подови може да се користи светлечко камче кое се става во претходно приготвениот микс од обични, природни или обоени камчина и полиуретанско врзно средство. Светлечкото камче може да се додава од 5 – 10 % на вкупната маса за подови кои во ноќно време имаат ефект како ѕвездено небо. Овој под се припрема по избор на потрошувачите.

Начин за подготовка на материјалите за камен тепих

За под – камен тепих со површина од 1 м2 и дебелина од 1 см, на претходно подготвена подлога, приближно е потребно од :
– 10 – 15 кг камче, природно или обоено
– 1л врзно средство – полиуретански лепак и
– по потреба може да се додаде 5% светлечко камче за ефект ѕвездено небо

Обично ваков микс се припрема во машина за мешање бетон од 3 – 5 мин кога претходно се става камче со големина и боја по сопствен избор, а потоа се става врзното средство и така тој подготвен материјал се става на претходно приготвената површина за изработка на камен тепих, а потоа со глетарица се доведува до рамна површина, но треба да се внимава на времето за работа бидејќи по 1 час истиот материјал е веќе неупотреблив. Овие видови на подови можат да бидат еднобојни, мозаик во повеќе бои, или да се отсекуваат во површини со разни геометриски форми и сето тоа може да биде зачинето и со светлечко камче за да се постигне ефектот на ѕвездено небо.

Цената за декоративните камчина во боја е 30 ден/кг
Цената за декоративни лумино камчина е 1200 ден/кг