Хидроизолација АкваСтоп

Хидроизолација АкваСтоп

АкваСтоп е хидроизолационен функционален премаз, изработен по најсовремена нано технологија. Производот е изработен на водена основа, еколошки производ. Наменет за хидрофобна импрегнација на порозни минерални површини (бетон, ѓерамида, цигла, блок и сл.). Може да се користи за сите видови кровни, зидни и подни минерални површини каде што има потреба од хидро заштита.

Истиот е на водена база, како што спомнавме претходно и може да се разредува во вода во сооднос од 1:5 до 1:10, зависно од потребниот степен на хидрофобизација, како и од типот на материјалот кој што се изолира.

За растворање на АкваСтопот може да се користи обична вода. Пожелно е растворањето да биде пред самата употреба на материјалот, при што е потребно истиот убаво да се измеша со голема брзина на миксерот.

АкваСтоп премазот е проѕирна течност со ПХ вредност од 12-13. Доколку се нанесе во поголема концентрација може да дојде до појава на белило на површината, за да се избегне тоа истиот треба да се користи во разредена форма. Разредениот материјал може да се нанесе во 1, 2 или 3 слоеви, но под услов сите слоеви да бидат нанесени максимум во времетраење од 30 мин. Со правилна употреба, материјалот не ја менува бојата на изолираните површини и останува целосно транспарентен.

Потрошувачката најмногу зависи од порозноста на површината и може да варира од 200мл(концентрирана форма) до 800мл(во разредена форма), по 1м2. Материјалот е лесен за апликација и истиот може да се нанесува со четка, распрскувач, ролер или со потопување на предметите кои што се изолираат во АкваСтоп.

После изолирањето на површините потребно е да поминат 24ч, за површината да ги добие потребните својства на хидрофобност, иако првичните ефекти се приметуваат по неколку часа од нанесувањето.
Особено е важно тоа што овој хидроизолационен материјал може да се користи и како адитив при самото производство на одредени материјали (цигли, блокови, ѓерамиди) или накнадно на веќе поставени површини.

Пакувањата се прилагодуваат на потребите на потрошувачите и можат да бидат од 20Л, 100Л, 200Л и 1000Л.

Материјалот треба да се чува на суво и темно место, над 05оЦ, потчно истиот не треба да замрзне, бидејќи во случај на мрзнење би ги изгубил делумно или целосно својствата на хидрофобизација.

Сертификат