Хидроизолација АкваСтоп

Хидроизолација АкваСтоп

АкваСтоп е хидроизолационен функционален премаз, изработен по најсовремена нано технологија. Производот е изработен на водена основа, еколошки производ. Наменет за хидрофобна импрегнација на порозни, минерални површини (бетон, ќерамида, цигла, блок и сл.). Може да се користи за сите видови кровни, ѕидни и подни минерални површини каде што има потреба од хидро заштита.
АкваСтоп премазот е проѕирна течност со ПХ вредност од 11-13. Доколку се нанесе во поголема концентрација може да дојде до појава на белило на површината, за да се избегне тоа истиот треба да се користи во помали количини. Аквастоп може да се нанесе во 1, 2 или 3 слоеви, но под услов сите слоеви да бидат нанесени максимум во времетраење од 30 мин. Со правилна употреба, материјалот не ја менува бојата на изолираните површини и останува целосно транспарентен.
Потрошувачката најмногу зависи од порозноста на површината и може да варира од 200мл/м2 до 800мл/м2.
Материјалот е лесен за апликација и истиот може да се нанесува со четка, распрскувач, ролер или со потопување на предметите кои што се третираат со АкваСтоп.
После изолирањето на површините потребно е да поминат 24ч, за површината да ги добие потребните својства на хидрофобност, иако првичните ефекти се приметуваат по неколку часа од нанесувањето.
Особено е важно тоа што овој хидроизолационен материјал може да се користи и како адитив при самото производство на одредени материјали (цигли, блокови, ќерамиди) или се нанесува накнадно на веќе поставени површини.
Пакувањата се прилагодуваат на потребите на потрошувачите и можат да бидат од 10 л, 20 л, 100 л, 200 л и 1000 л.
Материјалот треба да се чува на суво и темно место, над 5Ц степени, потoчно истиот не треба да замрзне, бидејќи во случај на мрзнење би ги изгубил делумно или целосно својствата на хидрофобизација.
Пред употреба Аквастоп може да се чува 12 месеци.

Сертификат