Камен Тепих
Овие материјали кои се користат за изработка на камен тепих препорачливо е да бидат од кварц или речен камен поради нивната цврстина и истите можат да бидат обоени или природни со големина од 5 – 10 мм.
Паковањето на овој вид материјал може да биде од 10кг 20кг или 1 тон.
Цената на овој производ е 30 ден/ кг.
Врзувачкиот материјал – лепило е на полиуретанска основа за изработка на камен тепих за внатрешна и надворешна примена.Ова врзно средство е дво компонентен п.у лепак кој се користи во однос 1:1 од А и Б компонента.
Паковањето на овие компоненти е во пластични канти или буриња од 20кг или 200кг и се користи приближно во количина од 10% во однос на вкупната маса која се припрема за подот, односно 1 кг лепило на 13кг камче.
Цената на ова врзно средство – полиуретанско лепило е 900 ден/кг.
Исто така и за овој вид на подови може да се користи светлечко камче кое се става во претходно приготвениот микс од обични, природни или обоени камчина и полиуретанско врзно средство. Светлечкото камче може да се додава од 5 – 10 % на вкупната маса за подови кои во ноќно време имаат ефект како ѕвездено небо. Овој под се припрема по избор на инвеститорот.
Паковањето на овој вид камче може да биде во полиетиленски кеси од 1 – 5 кг.
Цената за ова светлечко камче е 300 ден/кг
Начин за подготовка на материјалите за камен тепих
За под – камен тепих со површина од 1 м2 и дебелина од 1 см, на претходно подготвена подлога, приближно е потребно од :
- 10 – 15 кг камче, природно или обоено
- 1л врзно средство – полиуретански лепак и
- по потреба може да се додаде 5% светлечко камче за ефект ѕвездено небо
Обично ваков микс се припрема во машина за мешање бетон од 3 – 5 мин кога претходно се става камче со големина и боја по сопствен избор, а потоа се става врзното средство и така тој подготвен материјал се става на претходно приготвената површина за изработка на камен тепих, а потоа со глетарица се доведува до рамна површина, но треба да се внимава на времето за работа бидејќи по 1 час истиот материјал е веќе неупотреблив.Овие видови на подови можат да бидат еднобојни, мозаик во повеќе бои, или да се отсекуваат во површини со разни геометриски форми и сето тоа може да биде зачинето и со светлечко камче за да се постигне ефектот на ѕвездено небо.