Термо течна изолација ТермоСтоп
Термоизолациониот материјал „ТермоСтоп“ претставува течна композиција на водена основа, која се состои од синтетички каучук, акрилен полимер и неоргански пигменти, во чија структура се вградени вакумирани керамички микросфери и празни силиконски сфери. Оваа исклучителна комбинација на изолациони материјали и единствена структура го прават овој материјал лесен и еластичен.
Главна карактеристика на овој материјал е неговото инзворедно термоизолационо својство, со дебелина од 2мм. Меѓутоа, имајќи го во предвид опишаниот состав и структура, овој материјал е одличен и звучен изолатор. Благодарение на своите својства „ТермоСтоп” ги штити премачканите површини од корозија, што е многу важно во примената во индустријата. Звучните и термо изолациони својства на овој материјал го прават погоден за примена во градежните објекти.
Материјалот се нанесува на површината исто како и акрилните бои, со широк спектар на примена во однос на сите други изолациони материјали, кои моментално може да се најдат на пазарот.
Се нанесува на површини од било кој облик и состав, на бетон, метал, пластика, стакло, цигла и на скоро сите други индустриски и градежни материјали.
Аплицирањето на овој материјал може да се врши глетарица или со распрскувач ( за професионални примени) или со обична четка (за помали апликации). Во својот основен облик, материјалот е во бела боја, но може да се тонира или после сушење да се префарба во било која боја без губење на своите изолациони својства.
Поради големата хомегеност, еластичност, водоотпорност и другите својства „ТермоСтоп” се карактеризира со неговата трајност на експлоатација повеќе од 10 години на отворен и повеќе од 25 години на затворен простор.
Карактеристики на изолациониот материјал ТермоСтоп
Течниот термоизолационен материјал „ТермоСтоп“ поседува низа од физички и хемиски карактеристики, кои го прават супериорен во однос на сите други останати изолациони материјали:
- Коефициентот на топлоспроводливост λ=0,058, само 2 мм дебелина е приближно на класичните изолации
- Термо, звучна и фриго заштита
- Можност за нанесување на објекти чија температура се движи од 5 oC до 150 oC! Со тоа е овозможено и нанесување на големи индустриски објекти без запирање на технолошкиот процес (процесна индустрија, топлификации, котлари и сл.)
- Рефлектност во ултра-виолетови зраци (рефлектира и до 98% UV)
- Основна боја бела, може да се тонира
- Поседува пропусност на воздухот, со што е овозможено често сушење на намачканите површини на градежните материјали. На овој начин се постигнува додатна заштеда на енергија од 7 до 9 %
- Поради исклучително лепливите својства и елсатична струкура, материјалот дише преку подлогата и тоа го прави соодветен за примена на објектите кај кои е присутна голема дилатација на температурите.
- 100% еколошки и безбеден. При загревање не испушта атмосферски штетни материи. Нема штетни влијанија врз околината.
- Лесно и едноставно нанесување преку „airless“ распрскувач или со четка
- Може да се комбинира со други изолациони материјали, како и со сите врсти на бои.
- Дефектите и чистењето на изолациониот слој се отстрануваат многу едноставно со нанесувње нов слој на оштетеното место.
- Лесна и квалитетна изолација на тешко достапните и релјефни површини (кривини, жлебови, фасади со сложени облици, вентили, извртени и спирални цевки, затворен простор со неправилен олик, внатрешноста на превозните и сл.).
- Со обзир на тоа дека изолацијата може да се нанесува со методот airless распрскувач и дека изолациониот слој е со дебелина неколку милиметри ова е голема предност кај градењето на нови објекти, а кај адаптацијата на старите, веќе постоечки објекти.
- Примената на класичниот изолационен материјал на објекти со големи димензии, редовно бара поставување на големи и скапи скелиња. За разлика од тоа ТермоСтоп се нанесува многу лесно со методот на индустриски алпинизам или со помош на авто – дигалка, при што драстично се намалуваат трошоците и времето.
Подготовка за примена на термо течна изолација ТермоСтоп
Припрема на површината
Изолацијата „ТермоСтоп“ се нанесува на метал, бетон, цигла, дрво, стакло, керамика, пластика, гума, картон, и на скоро сите други индустриски и градежни материјали и подлоги. Површината на која овој материјал се нанесува треба да биде чиста, одмастена и исчистена од корозија. Нанесувањето е можно на површини чија температура може да биде во интервал +5 до +150 oC.
Чистење на површината подразбира да нема прашина, извалкани површини, флеки, замастувања, корозија и слично. Ако е замастена површината се чисти со соодветни стандардни детергенти или други хемиски средства. При нанесувањето на материјалот површината треба да се испере и исуши. Доколку се отстранува корозија тоа се врши со вообичаен начин со фарбање.
Припрема на материјалот
Се отвора фабричкото паковање. Материјалот е пакован во пластични канти од 3, 5 и 16 литри.
Се меша со електрична мешалка за боја, не повеќе од 100 – 150 o/min и не повеќе од 5 мин. додека содржината додека не постане хомегена со густина во вид на паста.
Доколку материјалот е многу згуснат (на пример после долго стоење), може да се додаде од 50-120 ml вода на една канта од 16 л материјал . Пожелно е да се исцеди материјалот низ филтер, за да се обезбеди конкретно и добро нанесување со “airless” распрскувачите.
Нанесување на материјалот
За тонирање на материјалот „ТермоСтоп“ може да се користат исти тонери како и за акрилните бои (не се додава повеќе од 1 % пигмент ). Со тонирањето не се губат својствата и карактеристиките на материјалот, а дава можнст за избор на боја за естетски и технолошки изглед.
Материјалот се нанесува во слоеви. Дебелината на еден слој може да биде од 0.3 mm до 0,5 mm. Материјалот може да се нанесува со помош на airless распрскувач под притисок од 40 до 100 бара со дизна од 0.5 mm. Материјалот може да се нанесува и со обична четка или ролер. Овој начин не се препорачува за професионални активности, но е погоден за поправки на оштетените изолациони материјали како и за примена во станови или помали површини. Нанесувањето со четка се извршува на вообичаен начин како и акрилната боја. Времето на потполно сушење и полимеризација на слоевите е 24 часа. Во време од 12 часа од нанесувањето на слоевите, треба да се обезбеди заштита од евентуално водено наросување. Новиот слој се нанесува после потполно сушење на претходниот слој.
На ниски температури и во услови на зголемена влажност на воздухот, процесот на сушење трае и подолго.
Нормата за потрошувачка на материјалот изнесува 1л на 1 м2, во зависност од претходно припремената површина за изолирање.
* Вака стручно изведената изолација во 3 наноси со дебелина од 2 мм, заменува прриближно до 50 мм класична изолација.
Доколку корисникот не ги почитува упатствата за нанесување, предложени од производителот, односно не соодветно нанесување на изолацијата, тогаш производителот не презема одговорност за термо ефектите на termoStop изолацијата